ПРЕГОВОРИТЕ СО ИМЕТО ОДАТ КОН ПРОПАСТ: Грците бараат „премногу“ ?
Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2018
Македонија и Грција не успеале да најдат заедничко решение за спорот со името и тие преговори пропаднаа пишуваат медиумите од регионот.
Како што се наведува, грчката страна барала „премногу“, поточно од името целосно да се исфрли одредницата „Македонија“ и од долго најавуваниот компромис засега нема ништо и покрај најдобрата волја.
Колку за потсетување, двете страни во последните неколку месеци излегуваа со оптимистички ставови во врска со пронаоѓањето решение кое е прифатливо за двете страни, а поддршка доаѓала и од челните места на ЕУ и САД.
МНР на Македонија соопшти дека не треба да се брза со текстот за договорот со името, бидејќи квалитетот на одлуката е поважен од рокот за завршување на процесот.