16 Април, 2024
0.0238

Преку детска игра до врвно образование

Детско вложување од КД Фондови со атрактивни стапки на принос и 0% пристапни трошоци

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Патот од игротеката до полнолетството навидум изгледа долг, но во реалниот живот безгрижната детска игра и планирањето на факултетските денови врват рака под рака.

Дека е тоа така, нѐ уверија од тимот на КД Фондови, отворајќи ги широко вратите на игротеката Киндер Парк за сите заинтересирани родители и нивните најмили. Над 60 дечиња уживаа во безгрижната игра, пропратена со едукативни работилници, цртање, боење и детски анимации.

Секој родител несомнено го посакува најдоброто за своето дете. Токму тоа беше и тематиката на овој настан. Преку одржаното едукативно советување, КД Фондови го промовираше наменскиот продукт за детско вложување, со низа поволности за родителите и поширокото семејство.

Овој начин на вложување е особено поволен во време кога каматите на депозитите во банка се доста ниски, овозможувајќи постепено акумулирање на солидни износи, без притоа да се прават големи откажувања од семејната живејачка.

Основата на продуктот ја чинат вложувањата во светски познати брендови (Apple, Google, Mercedes, Microsoft, Coca Cola, Nike…), чии приноси, согледано долгорочно, ги надминуваат каматите на штедните влогови и постепено ја оплодуваат создадената заштеда. А колку периодот на вложување е подолг, толку и потенцијалната заработка е повисока. Она што е особено важно да се напомене е и дека овој план за постепено вложување е единствен на пазарот со 0% пристапни трошоци.

Вложувањето во фондови е светски прифатена пракса за одговорно, елегантно и навремено обезбедување на потребните средства за идна едукација -сушта спротивност на општо прифатеното кај нас подигнување на потрошувачки кредит кога ситуацијата ќе загусти.

Како дополнителна бенефиција кон овој продукт, промовирана беше и соработката со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, преку која за сите корисници на детското вложување се обезбедуваат специјални попусти при упис на некоја од образовните програми на колеџот.

Упатуваме голем поздрав до сите дечиња и нивните родители кои присуствуваа на настанот, покажувајќи одговорност за иднината на своите најмили и посветеност за навремено делување.

За дополнителни информации и одговор на сите ваши прашања, посетете ја интернет страницата: kdfondovi.mk/detsko-vlozuvanje/

Можеби ќе ве интересира

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот