23 Април, 2024
0.0275

Преку комитет за туризам до развој

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Туризмот претставува еден од најбрзо растечките економски сектори во светот, кој има континуиран раст последниве децении. Оваа динамика го претвори туризмот во клучен двигател за социо-економски напредок. Во денешно време економските придобивки од туризмот се еднакви или дури и го надминуваат оној на прехранбени производи или автомобилската индустрија, па дури и на извозот на нафта.

Туризмот стана еден од најголемите играчи во меѓународната трговија, и истовремено претставува еден од главните извори на приход за многу земји во развој. Сепак, туризмот е многу чувствителен на негативни влијанија, можеби најчувствителен сектор кој реагира со драматични падови при различни политички, економски, безбедносни и здравствени потреси, но еднакво е чувствителен и при промени во спротивниот правец, економска, безбедносна, политичка или здравствена стабилизација. Туризмот е сектор кој е исклучително благодарен доколку го поставите високо на агендата и располага со неверојатен потенцијал за  зголемување на извозот кој по своите дострели е со капацитет да ги пополни сите празнини во буџетот и економијата кои произлегуваат од намалената економска активност во другите сектори, но исклучиво доколку овој сектор го третирате како достоинствен и со должна почит.

Во последователна студија за ефектите врзприватниот сектор туризам и угостителство, погоден од здравственоекономската кризапредизвикана од пандемијата COVID-19, во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, објавена на 18.11.2020 година, прва препорака за поддршка на секторот во времетраење на рестриктивните мерки во меѓународниот проток на патници е да се конституира Комитет за туризам како највисоко тело за туризам.

Државите кои го препознаа туризмот како замена на извор на нафта, го поставија туризмот високо на нивната агенда како еден од приоритетните сектори, инвестираа енергија на организационен план при системската поставеност, инфраструктура и применија развојни политики во туризмот. За возврат добија милијарди евра приходи по основ туризам, вработувања во секторот, но и раздвижување на целата економија, порамномерен регионален развој, дополнителни вработувања во сите поврзани сектори како градежништво, трговија, земјоделие, телекомуникации, транспорт и др. истовремено уживајќи во дополнителните политички придобивки градејќи имиџ на напредни,  модерни  држави со високи економски перформанси и политики кои се богати на културно и природно наследство и сето тоа единствено затоа што во неможност од извоз на нафта го препознаа туризмот како негова замена и го поставија високо на агендата како еден од приоритетните сектори за државата. Веднаш штом го препознаеме македонскиот туризам како економски еквивалент на нафтените наоѓалишта потребно е итно да добие адреса, односно одговорно тело од највисок ранг .

ПРВ ЧЕКОР – доделување адреса на секторот туризам

Во моментов главно тело одговорно за туризам и определување на политиката во туризмот е Министерството за економија т.е. секторот за туризам и угостителство при министерството кои ги изготвуваат стратешките документи за развој, додека Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е одговорна за промовирање на Република Северна Македонија како туристичка дестинација, но и за зголемување на конкурентноста на македонскиот туристички производ преку секторите за промоција и поддршка, истовремено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е одговорна за спроведување на програмата за субвенционирање на тур-операторите. Одделно за надзорот и контролата се одговорни други институции како пазарната инспекција кога станува збор за сместувачки капацитети и локалните самоуправи кога станува збор за приватно сместување. Категоризацијата на хотелите се врши од страна на Министерство за економија, додека пак, за категоризација на камповите е надлежна Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Со ваквата поставеност Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот претставува нешто помеѓу нецелосно министерство за туризам и Национална туристичка организација, т.е. распределбата на надлежностите посебно во поглед на развој на туризмот помеѓу двете институции АППТ и Министерство за економија не е доволно прецизна, а решавањето на покомплексни прашања каде има подлабоки проблеми како со автокамповите, планинарските домови кои се потребни во туристичката понуда или создавање услови за развој на туризмот во рурални средини стануваат нерешливи прашања.

Како резултат на ваквата поставеност во услови на криза особено дојдоа до израз одредени слабости на системот, а се забележува дека целосно недостасува функционална структура на туризмот помеѓу национално ниво, регионално ниво и општините, т.е поврзаност на макро, мезо и микро ниво што доколку остане незабележано ќе биде вечна пречка за развојот на туризмот во Република Северна Македонија.

Доделената адреса за секторот туризам е Комитет за туризам

Конституирањето на Комитет за туризам да како тело од највисок административен ранг е адресата која претставува механизам за изнаоѓање решенија и надминување на пречките за развој на туризмот особено во кризни ситуациии. Конституирањето на Комитет за туризам (за кој дури и во 1948 година била донесена одлука), ќе значи потврда на заложбите за развој на туризмот и воопшто економијата доколку го земеме во предвид потенцијалот на туризмот како индустрија која може да обезбеди повеќекратно повисоки приходи во буџетот од оној во 2019-та година.

Оваа адреса претставува основен услов од кој ќе зависи начинот на справување со последиците од кризата, во спротивно изработката на стратегии, студии, документи, проекти и други развојни активности од областа на туризмот ќе бидат во ризик од ограничени ефкти и отежната реализација.

Конституирање на Комитет за туризам како владино тело од највисок ранг претставува потреба од највисок степен и потврда за трајни заложби на Владата на Република Северна Македонија кон развојот на туризмот како индустрија со силен потенцијал за отворање нови работни места, зголемено учество во бруто домашниот производ, односно индустрија со потенцијал да ги надомести дел од празнините во буџетот поради намален придонес од други сектори во еконономијата.

Ана, Таневска Ѓорѓиевска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска