Преку нова наградна игра Владата ќе ги „тера“ граѓаните да бараат фискални сметки
Објавено во: Економија 09 Октомври, 2019
Се крчка нова наградна игра чија цел според надлежните ќе биде да се крева свеста на уште повисоко ниво за барање фискални сметки.
Како што се соопштува наградната игра се вика „Мој ДДВ, моја награда“ а ќе ја спроведува Државната лотарија .
Оваа наградна игра доаѓа по предлог на МФ и доби „амин“ од Владата на седница.
Ако сакате да бидете дел од оваа наградна игра ќе треба да барате задолжително и во истовреме да земате фискални сметки, а очекувањата на Владата се дека мерката ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните.