Преку пола милион прегледи за македонските претставници на детскиот евросонг

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2021
Со развиорени македонски знамиња, Green Forces од „Дајте музика“ на социјалните мрежи им се заблагодарија на сите фанови за поддршката што ја добиваат.
Веќе со над 600.000 прегледи од објавувањето на видеото, како и со високи позиции на трендинг-листите, македонската делегација периодов интензивно се подготвува за настапот на Детскиот евросонг во Париз.
Минатиот викенд Green Forces се сретнаа со албанската претставничка на Детскиот евросонг, популарната Ана Ѓебреа. Во студиото на Македонската телевизија Ана пееше на македонски за спас на планетата Земја, а „Дајте музика“ одговорија на албански: „Ќе бидеме покрај тебе!“
Песната на албанската претставничка Ана Ѓебреа ја третира темата за врсничко насилство, со наслов Stand by You (н. з. „Ќе бидам покрај тебе“). Во најновото видео постирано на социјалните мрежи, децата од „Дајте музика“ му се заблагодарија на организаторот на Детскиот евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто.
Неодамна Green Forces од „Дајте музика“ поставија прашање до својата публика: „Што направивте за нашата планета денеска?“ Се надеваме на одговори наскоро!
Музиката за „Green Forces“ ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, а во продукција на „Рифенштал“. Детскиот евросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 г. во Париз, Франција.
Линк до песната со која нашите претставници ќе настапат на Детскиот евросонг:
Можеби ќе ве интересира
РЕАКЦИЈА ОД Д-Р БОШКО ЗАБОРСКИ, ТРЕНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ НАЈТРОФЕЕН КАРАТЕ КЛУБ „МАКПЕТРОЛ“ – СКОПЈЕ

Иновативните тутунски алтернативи се клучот за иднината без чад

За безгрижно патување во странство – целосен пакет од СН Осигурителен брокер

Инфекција со Helicobacter pylori: Зошто е значајна и како да се открие?

За да направите филмски хит од секојдневието - истражете го новиот vivo X80Pro и искористете го периодот за претпорачка

Премиер лига ексклузивно на Арена спорт каналите, Кристал Палас и Арсенал за почеток на новата сезона

Поврзувањето и соработката го отвораат патот кон подобро разбирање на себеси со иновациите на Samsung Wellness

Петта година по ред се дружиме на официјалниот избор „Мажи на годината“
