29 Март, 2024
0.0256

Преку сопствен бизнис до намалување на невработеноста кај младите

Објавено во: Финансии 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Според податоците на Европската канцеларија за статистика – Еуростат, стапката на невработеност на млади лица од 15 до 29 години во Северна Македонија е со стабилен тренд на намалување. Според нив, процентот на невработеност кај младите се намалил од 45.2% во 2013 до 36.9% во 2018. Иако трендот е позитивен, сепак стапките се доста под просекот на Европската Унија каде во 2018, 11.5%. млади се регистрирани како невработени.

Според скорешни истражувања направени во земјава, младите најмногу сакаат да работат во јавниот сектор. Како една од причините за тоа е сигурноста на работното место, платата и слободното време. Сепак, според Иле Митковски, директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, еден од начините за намалување на невработеноста кај младите, кој дава и дополнителна вредност е самовработувањето, односно отворањето на сопствен бизнис.

„Младите претприемачи имаат потенцијал да изградат нова динамика во економијата и да овозможат раст и нови вработување. Бизнисите во сопственост на млади, ново креираните компании, тие се многу попродуктивни бидејќи имаат компаративна предност за комерцијализација на иновации и осовременување на постојните бизнис модел“, вели Митковски.

Според Митковски, Агенцијата веќе работи на тоа да се овозможи поддршка на младите кои имаат бизнис идеја и сакаат да отворат свој бизнис.

„Веќе спроведовме обука за пишување на бизнис план за 30-тина млади од Вардарскиот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот плански регион. Изготвени се 20 бизнис планови кои, во соработка со Норвешката амбасада преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија ќе добијат соодветна опрема за успешно функционирање на нивниот бизнис“, вели Митковски.

Се очекува овие бизниси да отпочнат со работа во ноември и да обезбедат најмалку 20 нови вработувања на млади лица.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка