Премиер бара Европа да им нареди на мигрантите да останат дома
Објавено во: Свет 18 Август, 2018
Чешкиот премиер, Андреј Бабиш повика на построга политика кон мигрантите и бегалците во Европската унија.
Вели дека пораката на Европа за бегалците треба да биде „седете си дома и ќе ви помогнеме таму“.
„Прво треба да испратиме јасен сигнал, дека Европа е затворена и дека повеќе никој не може да доаѓа тука“- изјави Бабиш за весникот „Право“.
Додава дека пораката треба да не биде двосмислена. Потсети дека ако рекол дека нема да прифатат ниту еден илегален мигрант, значи дека тоа ќе се случи.