Премиерот кој му даде азил на Груевски: Орбан денес ќе слушне дали неговата партија ќе добие суспензија
Објавено во: Балкан 20 Март, 2019
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе отпатува за Брисел каде ќе присуствува на состанокот на Европската народна партија (ЕПП), на кој ќе се расправа дали неговата партија Фидес ќе биде исклучена или суспендирана од тој главен сојуз на десничарските партии во Европскиот парламент.
Од вкупно 49 полноправни членки на Европската народна партија, 13 се залагаат за отстранување на Фидес, по неколкугодишните недоразбирања и конфликти.
Некои членови сметаат дека Орбан премногу се оддалечил од демохристијанските вредности на тој сојуз.
Манфред Вебер, кандидатот на ЕПП за функцијата претседател на Европската комисија, го повика Орбан да исполни одредени услови за да остане во сојузот, како што е прекин на кампањата против ЕУ.