29 Септември, 2024
0.0282

Премиерот Спасовски ги повика своите Кумановци на трпение - најважно е да се почитуваат мерките

Објавено во: Македонија 10 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Оливер Спасовски ги повика неговите сограѓани Кумановци да ги почитуваат мерките.

„Ги повикувам граѓаните на Куманово, како и во другите градови на земјата, да прифатат дека сега е најважно да ги почитуваме мерките. Бидете уверени дека ако го правиме тоа, со секој нов ден се приближуваме поблиску до целта што си ја поставивме – да го запреме ширењето на вирусот и да го сочуваме здравјето на секој поединец и на заедницата“, напиша Спасовски на фејсбук.

Вели дека властите ги преземаат сите мерки. За само 10 дена од 20 март до 1 април, во Општата Болница во Куманово, во Центарот за јавно здравје во овој град се доставени 2.450 маски, 22.000 ракавици, 300 мантили, 60 скафандери, 1.000 калјачи и 20 заштитни очила и одреден број заштитни визири.

За зајакнување на капацитетите на лекарскиот и другиот медицински персонал во Општата Болница во Куманово се упатени по еден лекар од Штип и Скопје, кои практично ја водат работата на инфективното одделение во кумановската болница. Донесена e одлука за зголемување на персоналот и лекарите кои работат надвор од Куманово да се вратат на работа во Општа болница Куманово.

На иницијатива на Министерството за здравство спроведени се обуки на медицинските техничари во Куманово по препораките на СЗО за постапување со пациенти заболени од Ковид-19.

Службата за итна медицинска помош во Куманово доби возило кое е опремено и ставено во употреба за во ситуација кога тоа на градот му е најмногу потребно.

„Тешко е. Никогаш до сега не сме се соочиле со оваа социјална и физичка изолација, но со секој нов ден стануваме и посилни и заштитени. Сега е моментот кога треба уште повеќе да се поврземе во заедничката битка против заканата од вирусот. Да направиме сите заедно побргу да дојде денот кога сето ова ќе го оставиме зад нас“, напиша на фејсбук Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки