20 Април, 2024
0.0278

ПРЕМИЕРОТ СРЕЌЕН: Дали Пендаровски може да го убеди Макрон за датумот?

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев е задоволен затоа што ќе има средба помеѓу македонскиот претседател и францускиот, Стево Пендаровски и Емануел Макрон во вторник. 

Заев вели дека ќе ги претстават своите аргументи. Пендаровски ќе се обиде да го убеди Макрон дека Македонија заслужува да добие датум за преговори. 

„Среќен сум што конечно висок наш претставник ќе се види со првиот човек на пријателска Франција и да се разговара за сите аргументи, за Макрон да ги разгледа ситуациите, прашањето не е важно само за Северна Македонија, за Западен Балкан, туку и за Европа“, вели Заев.

Средбата ќе се одржи за време на посетата на Пендаровски на Париз, на 12 ноември. 

Се очекува на средбата шефот на македонската држава да дознае нешто повеќе за француската идеја како земјава да ги надмине пречките на патот кон Европската унија. 

Франција на самитот во Брисел стави вето на одлуката Македонија и Албанија да ги почнат преговорите. 

Нова порака имавме вчерса од Франција, а тоа е дека за Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. 

Заменик претседателката на францускиот Сенат, Елен Конве - Муре, на македонските претставници и од власта и од опозицијата им рекла дека државата нема друга алтернатива освен полноправно членство во Унијата.

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, вчера во Собранието рече дека во мај на следниот Самит на ЕУ во Загреб може да се очекуваат добри вести за Македонија, но само ако се дадат „позитивни точки од ваша и од наша страна“.

Макрон е резервиран кон проширувањето, а Заев се обидувал да идејствува средба со него претходно, но не успеал. 

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан