Премиерот Заев очекува набргу да се дознае каде е Игор Спасов
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019
Очекувам дека наскоро истрагата за бегството на осудениот Игор Спасов ќе успее да го пронајде поранешниот полициски специјалец, изјави премиерот Зоран Заев.
„Очекувам истрагата да покаже каде е човекот. Прочитав од медиумите за бегството, институциите постапуваат според законот. Било кој човек кој издржува казна има право на викенд. Постапено е согласно сите процедури и очекувам МВР да утврди каде е. Верувам дека истрагата ќе дознае бргу што се случува“, нагласи премиерот.
Игор Спасов се бара со потерница. Јавноста, пак, бурно реагира поради фактот што власта дозволила негово бегство.
Игор Спасов, кој порано беше специјалец, беше осуден на 14 години затвор за убуството на Мартин Нешкоски.
Тој од денеска се бара со национална потерница. Таа е објавена на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.
Потерницата се распишува откако Спасов пред десет дена не се вратил во затворот „Идризово“. Од МВР известија дека потрагата по Игор Спасов почнала откако полицијата била известена дека тој не се вратил во казнената установа.
А бегството на Спасов, веќе предизвика коментари на револт на социјалните мрежи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.