25 Април, 2024
0.0318

Премиерот Заев отвори уште едно поле за соработка на Македонија со Бугарија - енергетиката, двете влади најавуваат златно поглавје во односите!

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владината делегација во Софија, денеска се сретна со Теменушка Петкова, министерка за енергетика на Република Бугарија и претставници на Бугарската асоцијација за гас. 

Енергетиката е една од важните области за соработка за којашто има интерес од владите на двете земји да ја развиваат. 

На средбата е изразена подготвеност за заеднички проектиза што ќе бидат аплицирани предЕУфондовите. 

Во наредните седмици Македонија и Бугарија ќе договараат меморандум за развој на енергетиката.

На средбата, од посебно значење е посочена изградба на нов конектор помеѓу двата гасоводни системи.

Премиерот Заев, претходно, на брифингот со новинарите истакна дека Република Македонија и Република Бугарија со средбите на највисоко ниво, со премиерот Бојко Борисов и со претставници на владино и државно ниво во Софија, двете земји отвораат „ново златно поглавје" во меѓусебната соработка.

„Споделувањетозаеднички културни вредности е само придобивка, и соработката меѓу Македонија и Бугарија ќе покаже како се унапредуваат добрососедски односи и се отвораат евро-атлантски перспективи и за Република Македонија, но и за регионот“, изјави на новинарскиот брифинг премиерот Заев, што помина со огромен медиумски интерес.

Премиерот Заев ја заокружи посетата на Бугарија со средба со претседателката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова, којашто исто така ги поддржа реформските процеси и евро-атлантските аспирации на Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот