28 Март, 2024
0.0241

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на регионалниот настан „Самит 100 – Бизнис лидерите на Југоисточна Европа“

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на регионалниот настан „Самит 100 – Бизнис лидерите на Југоисточна Европа“, што од 16 до 17 октомври, ќе се одржи во Скопје.

Премиерот Заев е поканет да учествува со свое излагање на премиерската пленарна панел дебата под наслов „Нов договор за новото време, или, дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена“, на која ќе се дебатираат и темите за енергијата, за економиите засновани на знаење, за брендирањето, за дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот и за заеднички иницијативи во областа на туризмот.

Учество на оваа пленарна дебата, која ќе се одржи на 17 октомври, потврдија и премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ, и претседавачот со советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Посебно обраќање на овој исклучително значаен регионален настан ќе има и еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц.

Свое учество на овогодишниот Самит 100 на бизнис лидерите на Југоисточна Европа, ќе има и Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Кочо Анѓушев, кој ќе има свое обраќање на панелот „Е-Концепт за забрзување на порастот на растот со поврзување“.

На отворањето на Самитот 100 во Скопје, на гостите од регионот и од Европа, ќе им се обрати Живко Мукаетов, директор на „Алкалоид“, и Претседател на Бордот на Самит 100 - Бизнис лидерите на Југоисточна Европа, заедно со Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како специјален гостин на настанот.

„Самит 100 - Бизнис лидерите на Југоисточна Европа“ се одржува по шести пат, и е единствен настан од ваков формат во регионот. Низ годините овој настан стана познат бренд и собир за регионална бизнис соработка, како и исклучително продуктивна платформа за идеи и проекти што доаѓаат од земјите во регионот и што ги прават Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија, чекор поблиску до регион со конкурентски капацитети, со забрзан економски развој и со подобар животен стандард за сите народи во регионот.

Централната тема оваа година е „Поврзаност“ која ќе се разгледува низ настапи, презентации, работилници и панел дебати во сферите како што се транспортот и слободната трговија, зелен Балкан, инфраструктура, брендирање и промоција на регионот, мобилноста на луѓе и идеи, енергија и дигитализација.


Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“