16 Октомври, 2018
0.3227
    ALK 7973.63    0.52%     CEVI 1000    0%     FERS 59002    -1.66%     GRNT 796.82    0.74%     KMB 5000    0.05%     KVAS 14056    3%     MABI 1000    0%     MPT 45000.74    -0.65%     MZPU 607    0%     OHB 6289.72    0.1%     OKTA 4527    0.46%     PKB 14000    0%     STB 1100    0.63%     STIL 127    -2.31%     TNB 13999.95    0%     TPLF 771.58    -7.6%     TTK 1151.39    2.73%     USJE 23000    0%

ПРЕМНОГУ ХАОТИЧНО: Грчката влада не го прифати името „Илинденска Македонија“

Објавено во: Балкан 19 Мај, 2018

Грчката Влада го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“.  Само еден час откако премиерот Заев по лидерската средба изјави дека тоа е опцијата која може да биде решение за спорот, од Кабинетот на Ципрас испратија соопштение во кое пишува:

„Го поздравуваме тоа што македонската страна прифати дека не може да има решение без „ерга омнес“, односно за сите употреби. Сепак, ние ги охрабруваме нашите соседи, да продолжиме да работиме заедно за да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц.

Само неколку часа претходно Ципрас ги информираше парламентарните лидери и претседателот на Грција за последниот предлог за името, но не доби подршка за „Илинденска Македонија“. Сите опозициски  лидери го отфрлија предлогот оценувајќи дека со него „се зајакнува иредентизмот“.

На Самитот во Софија, Ципрас се согласил со предлогот „Република Илинденска Македонија“.

Премиерот Заев по лидерската средба рече дека  овој предлог е можен компромис за спорот за името и дека со пакетот решение се зацврстува идентитетот и јазикот кој останува македонски. Тој упати и порака до Грците дека со ова решение се прави и јасна дистинкција од регионот Македонија во Грција.


Можеби ќе ве интересира

Пилињата за кои се тепаа во Лидл, Србите ги продаваат на пазар?

Пилињата за кои се тепаа во Лидл, Србите ги продаваат на пазар?

На кој политичар Емир Костурица ќе биде советник?

На кој политичар Емир Костурица ќе биде советник?

КЛУЧ НА ВРАТИ: Еди Рама ги затвора обложувалниците и електронските казина

КЛУЧ НА ВРАТИ: Еди Рама ги затвора обложувалниците и електронските казина

Грчки медиуми откриваат: Ципрас и неговиот опонент тајно се сретнале

Грчки медиуми откриваат: Ципрас и неговиот опонент тајно се сретнале

Ројтерс: Ципрас има мнозинство гласови и без Каменос за преспанскиот договор

Ројтерс: Ципрас има мнозинство гласови и без Каменос за преспанскиот договор

Немаат работници, и пензионери се добредојдени

Немаат работници, и пензионери се добредојдени

Истражување: Колку Срби сакаат на Запад, а колку во Русија

Истражување: Колку Срби сакаат на Запад, а колку во Русија

НОВИ ДЕТАЛИ: Еве со каква дрога се дрогирал Северин, пред да ја убие новинарката од Русе

НОВИ ДЕТАЛИ: Еве со каква дрога се дрогирал Северин, пред да ја убие новинарката од Русе

11 мигранти напикани во автомобил починаа возејќи во спротивна насока во Грција

11 мигранти напикани во автомобил починаа возејќи во спротивна насока во Грција