ПРЕПОРАКА: Задолжително носење заштитни маски во здравствените установи

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2025 20:43
Се забрануваат посети во болници и задолжително е носењето заштитни маски во здравствените установи.
Комисијата за заразни болести препорача мерки за да се спречи ширењето на грипот, поради што Министерството за здравство ги задолжи јавните здравствени установи да ги почитуваат.
Мерките подразбираат забрана на посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи заразата од грип во болнички услови; строго да се почитува редот во здравствените установи, особено во користењето лична заштита – носење заштитни маски, како и дезинфекција на рацете и одржување физичка дистанца секаде каде што е можно.
„Мерките се од исклучителна важност за здравјето на пациентите и здравствените работници, согласно актуелните епидемиолошки податоци кои укажуваат на пик на сезонскиот грип. Комисијата за заразни болести продолжува да ја следи епидемиолошката состојба во државата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Како што е објавено на веб-страницата на Институтот за јавно здравје – Скопје, од трети до деветти февруари 2025 година во земјава се пријавени 2.880 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 5,1 отсто помалку во споредба со претходната недела.
Од пријавените, 1.552 лица се на возраст од 15-64 години, 685 кај деца на возраст од пет до 14 години, 371 кај деца на возраст од 0-4 години и 272 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
Во Скопје се пријавени 692 заболени, во Струмица – 333, во Битола – 304, во Свети Николе – 158, во Охрид – 141, во Велес – 140, во Радовиш – 122, а во Кавадарци и во Куманово по 109 заболени.
Можеби ќе ве интересира
ДОБРА ВЕСТ: ПОМИНАА КРИТИЧНИТЕ 72 ЧАСА, НЕМА ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ, СИТЕ СЕ ВО РЕЛАТИВНО СТАБИЛНА СОСТОЈБА - најнови информации од Таравари
Уапсен сопственик на кабаре во Куманово, поседувал пиротехника

„ИМИЊАТА НА ОВИЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СТАНАТ СИМБОЛ НА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И АЛЧНОСТА“: Зошто треба да се пренесува погребот на жртвите

„БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА, САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!“: Апасев до министерот за внатрешни Тошковски

Таравари најави истрага откако кумановец почина од предизвикана алергија во болница

СЕГА ИСТИОТ ТОЈ ОБВИНИТЕЛ Е НАЗНАЧЕН ЗА ИСПОМОШ ВО ОЈО КОЧАНИ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СМУТИ И ЧИЈА ТРАГА ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНЕ ЌЕ ВИДИМЕ: екс обвинителката Кадриу со скандалозно сведоштво

ВИДЕО: ОВОЈ ФИЛМ СТАНА ТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА КОЧАНИ: Серија страшно потсетува на хоророт во „Пулс“

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ - Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е куршум кој може да убие, само стручни лица смеат да ги организираат
