29 Март, 2024
0.0244

ПРЕСЕДАН: Нема веќе издавање станови на туристи

Објавено во: Стил 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Градот Палма на островот Мајорка ќе воведе забрана за издавање на станови на туристи и ќе стане првиот шпански град кој вовел ваква мерка. 

Градоначалникот Антони Ногуера вели дека за оваа одлука ќе се гласа и дека нема ништо полошо од граѓани кои не можат да живеат во својот град или да изнајмат стан. 

Во последните години расте интересот за изнајмување станови во повеќе шпански градови. 

Многу граѓани сметаат дека кириите скокаа затоа што се овозможува туристи да изнајмуваат станови за кратко. 

Од оваа мерка ќе бидат изземени куќите.