Престанува печатењето на банкноти од 500 евра: Овие земји последни ја укинуваат оваа банкнота
Објавено во: Економија 22 Април, 2019
Централните банки на Германија и Австрија уште до ко крајот на оваа недела, поточно до 26 април, ќе издаваат банкнота од 500 евра.
Преостанатите 17 централни банки во еврозоната го прекинале печатењето на таа банкнота уште во јануари.
Европската централна банка во 2016 донела одлука во новата серија банкноти со зголемени безбедносни карактеристики повеќе да не биде и таа од 500 евра.
Надлежните се надеваат дека укинувањето на оваа банкнота ќе допринесе за сузбивање на тероризмот и работата на црно.
Моментно уште во оптек се 509 милиони парчиња банкноти од 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.
Граѓаните и понатаму ќе можат да користат банкнота од 500 евра.