ПРЕСУДА ПРОТИВ J&J: Бебешката пудра предизвикала рак
Објавено во: Свет 16 Април, 2018
Пресудата од 117 милиони долари против Џонсон и Џонсон во корист на лицето кое изјави дека неговиот рак поврзан со азбест е предизвикан од долготрајната употреба на J & J's Baby Powder, отвора нов фронт за илјадници случаи во кои луѓето тврдат дека широко користен производ предизвикал рак, велат правните експерти и тужителите.
Компанијата се бореше со повеќе од 6000 случаи во кои се тврдеше дека бебешката пудра и гелот за туширање( Shower to Shower) биле контаминирани и предизвикувале рак на јајници.
Меѓутоа пресудата од 117 милиони долари против компанијата отвора сомнеж за предизикување на нов вид рак, поврзан со азбест.
Сега пред тужителите е да докажат дека контаминираноста на бебешката пудра со азбест всушност предизвикува друг вид на рак освен на јајници, користејќи ги документите со кои располагаат за случаите со ракот на јајници.
J & J и Imerys Talc America, единица на Имерис СА (IMTP.PA), официјално кажаа дека ќе поднесат жалба на пресудата од Њу Џерси и го негираат азбестот за кој се тврди дека е присутен во нивните производи или дека може да предизвика било каква форма на рак.
извор: Ројтерс