ПРЕСВРТ КАЈ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВА: Еве за колку ќе полните резервоари од денес
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2019
По неколку неделни падови на цените на нафтените деривати денеска пресврт.
Регулаторната комисија објави скок на цените на бензините и дизелот.
Согласно таа одлука ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 по полноќ поскапуваат за 2,5 денари а тоа значи дека ќеги полните резервоарите со нив по цена од 61,00 денари по литар, односно 63,00 ден/литар за ЕУРОСУПЕР БС-98.
Се зголемува и цената за на дизелот кој од ноќеска ќе се точи по цена поголема за 3,5 денари односно за 58,50 денари по литар.
47,50 денари е цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое во следните две недели ќе има цени повисоки за четири денари по литар.
29,522 денари за литар ќе чини мазутот а тој бележи скок на цената од 3,573 денари .