Пресврт во временската прогноза: Што не чека денес
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2019
Овој вторник ни носи мала промена во временската прогноза. Врнежи најпрво во југоисточниот регион, кои пладне ќе се шират низ цела земја.
Врнежите кои претжно ќе бидат од дожд ќе запрат во вечерните часови а температурата денеска ќе се движи од -1°С до 3°С минималната додека пак максимална вредност ќе достигне од еден до околу 8°С.
Во главниот град температурата ќе достигне околу пет степени.
Цела недела метеоролозите најавуваат дожд а на повисоките места снег.
Дождот на места ќе биде пообилен а засилен ветер од југоисточен правец ќе дува повремено.