07 Декември, 2025
0.1141

ПРЕСВРТНИЦА НА ЗАПАД: Светот се врти кон Путин

Објавено во: Свет 27 Декември, 2015 15:29

Добивај вести на Viber

Западот ќе мора да го остави настрана несогласувањето и недовербата со Русија и да почне да соработува со неа, ако сака да ја порази терористичката ИСИС, ова е заклучокот од истражувањето на политичките инсајдери низ Европа и Америка.

Оваа недела, откако ЕУ ги прошири санкциите против Русија за шест месеци, анкетирани беа 76 дипломати, претставници и советници кои се согласија да зборуваат за американско-руските односи , под услов на анонимност.

Групата генерално се согласила дека клучот во борбата против ИСИС е  дипломатско решение за сириската криза, но и дека Западот ќе мора да ги подобри односите со Русија во наредната година.

„Време е да се стави крај на санкциите против Русија и да почне да се гради стратешко партнерство” – рече еден член на парламентарната група.

Дури 53 отсто од дипломатите веруваат дека најдобар начин да се победи ИСИС во Сирија е преку соработката со Русија и Иран за заеднички дипломатски договор со претседателот Башар ал-Асад .

„Два одделни и некоординирани воздушни кампањи ќе бидат контрапродуктивни. Единствен сојуз против ИСИС , кој ќе ја вклучува и Турција е клучот во борбата против тероризмот” - рече еден од учесниците на пратеничката група .” -

Во истражувањето беше отворени и прашањето за тоа која е најголемата закана за ЕУ.

Околу 33 % од испитаниците се согласија дека имигрантската криза е најголема закана со која се соочува ЕУ. На второ место е исламски тероризам (15 отсто) , додека третиот е подемот на популистичките партии.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

САД со најголема забрана досега: Повеќе од 30 држави под удар

САД со најголема забрана досега: Повеќе од 30 држави под удар

Велика Британија сака да отклучи „златно доба на нуклеарното оружје“, но се соочува со клучни предизвици во оживувањето

Велика Британија сака да отклучи „златно доба на нуклеарното оружје“, но се соочува со клучни предизвици во оживувањето

ЕУ ја менува забраната – бензинците не заминуваат

ЕУ ја менува забраната – бензинците не заминуваат