Претепани тројца Срби на Косово?
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2021
Се појавија информации дека полицијата претепала тројца Срби на Косово.
Косовската полиција денеска негираше дека нејзините припадници претепале тројца Срби во близина на преминот Брњак.
„По официјалните проверки, таквите информации се покажаа како невистинити, бидејќи на граничниот премин немаше запирања или контакт со ниту еден демонстрант, но полициската единица провери три камиони, односно нивните возачи кои возеа зад полицискиот конвој, загрозувајќи ја безбедноста“, објави косовската полиција.
Како што е наведено, „полицијата приведе, провери, а потоа ослободи тројца возачи од косовска националност, на кои им беше наложено да се пријават во полициската станица Јужна Митровица“.
Директорот на КБЦ Косовска Митровица Златан Елек за РТС рече дека „повредите што произлегуваат од ударите се најверојатно со кундаци од пушка и со нозе.
Веќе неколку денови има тензии, а проблем се регистарските таблички на возилата.