25 Април, 2024
0.2154

Претплатници можат да побараат да им се измери брзината на интернетот

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Претплатници може да побараат да им се измери брзината на интернетот на фиксната мрежа од Агенцијата за електронски комуникации, доколку операторот не им го прифати приговорот. Најпрво корисниците ќе мора да се убедат на веб-апликацијата speadtest.aek.mk дека брзината на интернетот не им е според договореното со операторот, а доколку ова не им биде прифатено како аргумент, тогаш може да се побара мерење со сонда од страна на АЕК, гласи во скоро објавениот правилник кој стапува службено на сила.

Агенцијата ќе ја мери брзината на download и upload, просечно доцнење, варијација на доцнење, загуба на пакети, а потоа резултатите од поединечните мерења јавно ќе ги објави како превентивно информирање за потенцијалните претплатници. Агенцијата ќе подгови извештај со заклучок за секој посебен случај и ќе го достави до интернет-рповајдерот и корисникот за понатамошна постапка.

Операторите треба на Агенцијата да и обезбедат услови за вршење контрола и мерење на параметрите за квалитет дали се во согласност со оние кои се пропишани во договорот.   Во меѓувреме понудата на параметрите од интернет провајдерите  мора да биде објавена на сите продажни места на Операторот и на неговата Интернет страна 

За да се смета дека операторот си стои до договорот со незадоволниот клиент, потребно е да се докажат неколку критериуми, меѓу кои и тоа дека брзината на пристап и за симнување и за праќање на податоците треба да е поголема од 90% од договорената брзина во најмалку 20 отсто од времето.

Техничко лице на АЕК ќе ја намести сондата на адресата на корисникот, а таа ќе го мери и безжичниот интернет. Сондата треба да направи 100 поединечни мерења на растојание не помало од 10 минути и ќе се следат од страна на АЕК преку апликацијата за администрација. Постапката за мерење завршува со подготвување извештај од успешните поединечни мерења, со назначување за исполнување или неисполнување на критериумите за квалитет на услугата. 

Македонија е една од десетте европски земји кои не можат да надминат брзина на интернет над 10 мегабити даунлодирање во секунда, покажа најновото детално истражување на cable.co.uk, Инаку во Шведска  тој е 46 Mbps, а во Данска 43.99 Mbps, кои важат за земји со најбрз интернет во Европа.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ