14 Декември, 2024
0.0259

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕДНА ЗЕМЈА НА БРИКС ИМАШЕ КРВАРЕЊЕ ВО БЛИЗИНА НА МОЗОКОТ: Се чувствува одлично по операцијата

Објавено во: Свет 14 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва (79) се чувствува одлично по успешно извршената операција за отстранување на крварење во близина на мозокот. Во видео објавено денеска, Лула се појави насмеан и како оди низ болничкиот ходник, испраќајќи порака дека е во добра здравствена состојба.

„Се чувствувам одлично. Лекарите одлично се грижат за мене, а поддршката што ја добив од народот ми дава сила“, изјави Лула во видеото кое брзо се прошири низ социјалните мрежи.

Претседателот, кој беше подложен на итна операција во неделата, е до средината на својот мандат кој истекува во 2026 година.

Денеска беше пуштен од одделението за интензивна нега и продолжува да остане во болницата во Сао Паоло под постојан медицински надзор. Според болнички извори, Лула би требало да ја напушти болницата в понеделник или вторник, доколку закрепнувањето продолжи без компликации.

Оваа ненадејна здравствена ситуација предизвика изненадување во Бразил, каде што Лула е познат по својата енергичност и активност и покрај возраста. Лекарите се оптимисти за неговото целосно закрепнување.

„Претседателот реагираше исклучително добро на третманот и веќе покажува значајно подобрување“, соопштија од болницата.

Фото: Print Screen


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ГО БЛОКИРАШЕ ВИБЕР: „Апликацијата се користи за терористички и екстремистички цели“

РУСИЈА ГО БЛОКИРАШЕ ВИБЕР: „Апликацијата се користи за терористички и екстремистички цели“

ГОТОВО, КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Се знае и кога?

ГОТОВО, КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Се знае и кога?

СТРАНСКИ МЕДИУМИ: Русија брза да „го спаси лицето по понижувачката загуба на нејзиниот партнер Башар ал Асад“

СТРАНСКИ МЕДИУМИ: Русија брза да „го спаси лицето по понижувачката загуба на нејзиниот партнер Башар ал Асад“

ИТАЛИЈА ПРИФАЌА ДА ПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: Даваат поддршка на предлогот на Макрон

ИТАЛИЈА ПРИФАЌА ДА ПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: Даваат поддршка на предлогот на Макрон

АВСТРИЈА НУДИ 1.000 ЕВРА ЗА СИРИЈЦИТЕ ДА СИ ОДАТ ВО ТАТКОВИНАТА: Но, овие пари нема да им стигнат за пат до дома

АВСТРИЈА НУДИ 1.000 ЕВРА ЗА СИРИЈЦИТЕ ДА СИ ОДАТ ВО ТАТКОВИНАТА: Но, овие пари нема да им стигнат за пат до дома

НАЈОПАСНИ И НАЈБЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО 2025: Кои дестинации треба да ги избегнувате?

НАЈОПАСНИ И НАЈБЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО 2025: Кои дестинации треба да ги избегнувате?

РЕЖИМОТ НА АСАД ПАДНА: Колку Сиријци се вратиле дома?

РЕЖИМОТ НА АСАД ПАДНА: Колку Сиријци се вратиле дома?

СИ НЕМА ДА ДОЈДЕ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП КОЈ ЛИЧНО ГО ПОКАНИЛ: Поканата ги изненадила и Пекинг и сојузниците на САД

СИ НЕМА ДА ДОЈДЕ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП КОЈ ЛИЧНО ГО ПОКАНИЛ: Поканата ги изненадила и Пекинг и сојузниците на САД

АКО ЗГРЕШИТЕ ВО ЕДНА ЗЕМЈА, НЕМА ДА МОЖЕ ДА ВОЗИТЕ ВО ЦЕЛА ЕУ: Голема промена во врска со одземањето на возачките дозволи

АКО ЗГРЕШИТЕ ВО ЕДНА ЗЕМЈА, НЕМА ДА МОЖЕ ДА ВОЗИТЕ ВО ЦЕЛА ЕУ: Голема промена во врска со одземањето на возачките дозволи