11 Декември, 2019
0.0173

Претседателот – носител на прогресивни решенија за бизнисот

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2019

Денес во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи првата работна средба на претседателот на државата, д-р Стево Пендаровски, со нашите компании членки, од каде што доаѓаат потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората.

Честитки за избраниот претседател од името на Стопанската комора на Македонија, со желба петтиот претседател на оваа држава да биде носител на нови, прогресивни решенија за подобрување на состојбите во државата на економски план.

  Со оглед дека честопати во последно време се сретнуваат коментари дека претседателот на државата има ограничени ингеренции во делот на економијата, наспроти другите органи на државната власт, па поради тоа не може да се очекува да се направат видливи реформски зафати кои би биле токму негова заслуга, јас би му препрорачал на г-дин Стево Пендаровски, од име на целата бизнис-заедница, да покаже и докаже дека тоа не е така. Зошто? Затоа што економските состојби во државата во голема мера се детерминирани од многу други параметри, за кои токму претседателот на државата има директни надлежности и овластувања. Нашата препорака е веднаш да се започне прогресивна кампања на тој план.

Прво, време е претседателот на државата да развие и поддржи нов пофункционален концепт на економска дипломатија, како инструмент за остварување на економските цели на државата насочени кон зголемување на извозот, учество во работата на меѓународните организации и привлекување странски инвестиции. Државата може да смета на брз и одржлив економски развој само доколку во остварување на овие цели ја користи економската дипломатија како стратешко оружје за поттикнување на конкуретноста на земјата во целина, а тоа може да се оствари само преку покоординиран настап и на државата и на бизнис-секторот во градењето и унапредувањето на економските односи со државите во регионот, но и на глобално ниво.

Второ, во овој момент е потребно, повеќе од кога и да било, да се обезбеди доследно почитување на принципот владеење на правото. Владеењето на правото и правната држава се клучните цели на сите носители на државната власт, но сето тоа ќе остане мртво слово на хартија, доколку не видиме конкретни чекори за подобрување на состојбите што во суштина би значеле преземање темелни реформи во правосудниот систем, доследно почитување и спроведување на постапките за донесување на законите и самото почитување на прописите, справување со сивата економија и корупцијата и безброј други појави и предизвици кои се пречка на патот кон остварувањето на овој основен принцип во секоја самостојна, суверена и демократска држава. Претседателот на државата и те како може да придонесе за подобрување на состојбите на овој план.

Трето, му препорачувам првиот негов работен проект да биде насочен кон градење нов концепт за општествена одговорност, како модел за создавање заеднички вредности и спроведување активности кои на дело ќе го покажат неговото општествено одговорно работење. Идеите за вакви активности се многу, но ни фали реализација. Очекувам неговите надлежности како претседател, во овој дел што се однесува на промовирањето заеднички општествени вредности да дојдат до израз, да бидат видливи и од интерес за државата во целина, и за нејзините неизоставни делови – граѓаните, бизнис-заедницата и средината во која живееме и работиме.

Четврто, за полесно да се спроведе се она што е наведено претходно, можеби треба да се размисли и за идејата претседателот на државата “да се симне од резиденцијата на Водно и да се врати во активниот политички живот, рамо до рамо со другите носители на државната власт, делувајќи исклучиво во рамки на своите надлежности и ненарушувајќи го притоа приницпот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Напротив, претседателот може да дејствува само како едно конструктивно надополнување на ефикасното спроведување на принципот „check and balance“, кој во моментов се спроведува недоследно и со голем број недостатоци, кои многу лесно може да се надминат, ако се има волја и разум тоа да се направи.

Петто, да се надеваме дека бизнис-заедницата конечно ќе може да биде заштитена, преку можноста претседателот на државата да стави вето на закон кој е спротивен на интересите на бизнисот, со што ќе даде јасен сигнал дека навистина се грижи за економскиот напредок во државата, водејќи сметка и за интересите на бизнисот, како значајна алка во синџирот кој придонесува за поттикнување на економскиот раст на државата.

Шесто, редно е претседателот на државата да размисли за доделување одликувања и признанија и на успешни стопанственици, компании или бизнис-асоцијации кои во голема мера придонеле за афирмирање на државата преку своите активности. Во современи услови, не само претставниците од спортот и културата, туку и истакнатите субјекти од стопанството во голема мера заслужуваат да добијат орден од претседателот на државата.

Седмо, претседателот на државата може да биде успешен и перспективен, само доколку зад него стои добар тим. Она што е за нас значајно е поставување посебен советник за економски прашања, кој треба да биде препознатлива и изградена личност, бренд во својата област, како од аспект на стручноста и професионалноста, така и од аспект на способноста за ефективна комуникација и воспоставувањето врски со сите субјекти кои можат да дадат значаен придонес во изградувањето на претседателот на државата како личност која ќе биде носител на прогресивни решенија за бизнисот!

Очекувам дека наведените прашања ќе добијат соодветно место во листата на приоритетните активности во агендата на д-р Стево Пендаровски во наредниот период, имајќи го предвид фактот дека економските состојби во државата во голема мера се детерминирани од многу параметри, за кои и претседателот на државата има директни надлежности и овластувања.


Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Уличниот дефект на улица Ордан Попјорданов 12 е саниран

Уличниот дефект на улица Ордан Попјорданов 12 е саниран

Марко Новески го изеде во првата епизода на „Машки свет“

Марко Новески го изеде во првата епизода на „Машки свет“

Уличниот дефект на улица Мите Богоевски бр.1 е саниран

Уличниот дефект на улица Мите Богоевски бр.1 е саниран

Собирот на алумнисти на Стартап академијата од подрачјето на Западен Балкан ги обедини стартапите

Собирот на алумнисти на Стартап академијата од подрачјето на Западен Балкан ги обедини стартапите

Загарантиран поврат на средства со American Express Point дебитна картичка

Загарантиран поврат на средства со American Express Point дебитна картичка

Новогодишен чоколаден свет во Скопје Сити Мол

Новогодишен чоколаден свет во Скопје Сити Мол

Без вода ул.Мите Богоевски бр.1 н.Лисиче

Без вода ул.Мите Богоевски бр.1 н.Лисиче

"Да бидеме хумани“, мисија за децата од социјално загрозени семејства да добијат новогодишни пакетчиња

"Да бидеме хумани“, мисија за децата од социјално загрозени семејства да добијат новогодишни пакетчиња

УТРИНСКИ ФОКУС: Кои кумановски фирми вртат милиони-колку се заработува од јаткасти плодови

УТРИНСКИ ФОКУС: Кои кумановски фирми вртат милиони-колку се заработува од јаткасти плодови