29 Март, 2024
0.0288

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев: Нема соработка со БАН додека не ги признае фактите

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, вели дека Бугарската академија на науките не соработува повеќе со македонската академија по прашањата за македонскиот идентитет, јазик и историја. Тоа според академикот е така поради ставовите искажани по ова прашање од страна на МАНУ.

– МАНУ и БАН имаа вистинска соработка во многу научни полиња, но прашањата за македонскиот јазик и идентитет, се чини, според мене, беа ставени „под тепих“, иако, ниту македонскиот јазик ниту македонскиот идентитет не беа оспорувани и ние имавме со БАН рамноправна и достоинствена соработка. Мислам дека единствената причина за прекинот на соработката се ставовите на МАНУ во врска со македонскиот идентитет, јазик, и историја, изјави Коцарев во интервјуто за „Слободен печат“.

Лпварев вели дека МАНУ ќе соработува со оние институции и акадмеии кои, како што вели тој, го почитуваат научниот факт дека „Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава“.

- Ставовите на нашиот сосед се јасни. На 9 октомври 2019 година, бугарската влада официјално усвои документ со кој се определува Рамковната позицијата на Република Бугарија во однос на процесот за стабилизација и асоцијација на Македонија и Албанија. Позицијата е непроменета и недвосмислена, што се потврдува и со следниот цитат (преземен од веб страната на Владата на Република Бугарија, 

„Треба да биде јасно дека јазичната норма прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во поранешна југословенска република по нивната кодификација во 1944 година. Ниту еден документ/изјава во процесот на пристапување не може да се смета за признавања од страна на бугарската страна на постоењето на т.н. „македонски јазик“, одвоен од бугарскиот”.

Зар има потреба од други коментари? Дел од суверенитетот на било која држава вклучува ексклузивно право на државата да ги регулира нејзините внатрешни работи: религија, јазик, националност и соодветно на тоа, образовниот систем. Суверенитетот на било која држава, па така и на Македонија, вклучува право на самоопределување за прашањата на идентитетот, јазикот и религијата, што подразбира, од друга страна, дека идентитетот, јазикот, и историјата воопшто не се (и не треба да бидат) тема за политичко пазарење, вели Коцарев.


Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор