Претседателот на странските инвеститори во Македонија задоволен од договорот
Објавено во: Економија 18 Јуни, 2018
Претседателот на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, вели дека самото потпишување на договорот помеѓу Скопје и Атина ќе има огромно влијание врз бизнисот.
- На граѓаните нема токму денес да им биде јасно што значат настаните од минатиот викенд, но има време пред нас во кое ќе им овозможиме да разберат. Јас сум европски бизнисмен и јасни ми се придобивките од тоа што Македонија ќе биде интегрирана во ЕУ. Минатиот викенд се покажа дека Македонија не е остров и дека е во интеракција со своите соседи. Истото важи и за странските инвеститори во Македонија, тие не се остров. Странските инвеститори се интегрираат себе си во македонското општество, истакна Петер на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање - вели Петер.
Петер инаку е претседател на Управниот одбор на ЕВН.