Претурал низ кола и нашол лото ливче: По проверката животот му се сменил целосно
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2019
Aвстралијанец од Нов Јужен Велс станал милионер откако чистејќи го својот автомобил пронашол лото ливче, старо година дена.
Повозрасен маж, кој сакал да остане анонимен, заборавил дека купил лото ливче уште во јануари минатата година. Кога го нашол, ги проверил бројките на интернет и сфатул дека освоил повеќе од милион долари (980 000 евра).
-Среќен сум што не ги фрлив кесите од кола во ѓубре. Малку е глупо што 414 дена заборавив на своето ливче и можев да ги имам парите порано, но нема врска, барем ги имам сега- рекол тој.
Вели дека парите ќе ги вложи во отплата на куќи за своите деца и во образование на своите внуци.
Сопственичката на киоското на кој лани е продаден добитниот лото тикет, Черли Тејкермен, рекла дека и олеснало, додавајќи дека секојдневно доаѓале многу луѓе да ја прашаат дали победникот е пронајден.