27 Септември, 2021
0.0195

При посетата на „Вардариште“ Шилегов се заложи за хуман третман на уличните кучиња

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2017

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска /07.11.2017 година, вторник/  заедно со Здружението за заштита на животни  „Анима Мунди“  го посетија стационарот за хуман третман на уличните кучиња „Вардариште“.

-Денеска се наоѓаме во стационарот за згрижување кучиња скитници „Вардариште“, ги отвораме вратите, овдека сме заедно со вработените во Вардариште и со претставниците на граѓанскиот сектор коишто се занимаваат со оваа проблематика како здруженија.  Целта ни е да ги видиме условите, начинот и како се згрижуваат кучињата скитници, да ги подобриме условите за престој на животните коишто се овдека стационирани  заради зимскиот период и да направиме една координација, јас како Градоначалник, вработените од Стационарот и претставниците на  граѓанскиот сектор и да дојдеме до едно оптимално решение за посовремен и похуман начин на згрижување на овие животни. Мене ми е драго што овдека се претставниците од  граѓанскиот сектор, бидејќи со нив имаме намера да го уредиме начинот и системот на функционирање на згрижување на бездомните кучиња - изјави градоначалникот, Петре Шилегов.

 Радмила Пешева од Здружението за заштита на животни  „Анима Мунди“  изјави дека  ова е нов почеток на работа на стационарот „Вардариште“ и дека тие  барале  од Градоначалникот да бидат  вклучени во неговото управување,  како и дека многу работи ќе  треба да се променат во  третманот на кучињата. Таа посочи дека иако масовно ќе се применува програмата „Залови, стерилизирај и врати на локација“, паралелно со оваа мерка за конечно да се решат проблемите  со бездомните кучиња ќе треба да се применуваат и низа други мерки  и од локалната и од централната власт.

-Очекуваме многу и спремни сме максимално  да се вложиме, така што сметаме дека од сега натаму работите ќе бидат подобри, рече Радмила Пешева од „Анима Мунди“ .

Столе Велковски од „Анима Мунди“ ги изрази нивните заложби да ги поттикнат  сите граѓани да дојдат и да се едуцираат за проблемот со бездомните кучиња  во Вардариште, да дојдат и да вдомат свој миленик и на тој начин да учествуваат директно во надминување на овој проблем. 

Можеби ќе ве интересира

Скопје има над 5.600, а Дојран само еден активен случај на коронавирусот

Скопје има над 5.600, а Дојран само еден активен случај на коронавирусот

(ВИДЕО) Мицоски кажува виц за Заев во Охрид

(ВИДЕО) Мицоски кажува виц за Заев во Охрид

На анкета граѓаните одговорија што мислат за Преспанскиот и Договорот со Бугарија

На анкета граѓаните одговорија што мислат за Преспанскиот и Договорот со Бугарија

Шилегов: Скопје за 4 години драстично го намали загадувањето

Шилегов: Скопје за 4 години драстично го намали загадувањето

Ристова-Астеруд била приведена на аеродром, таа објасни што точно се случило

Ристова-Астеруд била приведена на аеродром, таа објасни што точно се случило

Арсовска: Јас не се кандидирам за политичар, јас се кандидирам за менаџер на градот

Арсовска: Јас не се кандидирам за политичар, јас се кандидирам за менаџер на градот

И ветиле укинување на пресудата за нејзиниот син со што изнудиле 2.300 евра

И ветиле укинување на пресудата за нејзиниот син со што изнудиле 2.300 евра

Иванов: Oва е најопасно време за Македонија по Втората светска војна

Иванов: Oва е најопасно време за Македонија по Втората светска војна

Има 112 заразени и 13 починати од коронавирусот

Има 112 заразени и 13 починати од коронавирусот