Прибе: Искрено бевме скептични дека ратификацијата ќе помине лесно
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019
Искрено бевме скептични дека ратификацијата ќе помине лесно, но видовме дека помина, изјави германскиот правен експерт, Рајнхард Прибе денеска на свечена академија на Универзитетот ФОН, беше промовиран за почесен професор.
Вели дека двајцата премиери покажаа храброст да го постигнат Договорот.
„Ова е неверојатен пример што можат да постигнат двајца премиери кога ќе ги надминат секојдневните реторики. Видовме како Договорот од Преспа веднаш ги отвори вратите за НАТО, но се плашам дека патот кон Европската Унија ќе биде подолг и поболен“, изјави Прибе.
На барање на Европската Комисија, Прибе е во посета на Македонија, каде што изготвува извештај за напредокот на државата во реформите
Тој претходно ги скенираше аномалиите во македонскиот правен систем и изготви два извештаи за реформите во Македонија и неопходните промени на патот кон ЕУ и НАТО.