20 Април, 2024
0.0272

Причината на несреќата ќе ја открие тахографот: Возачот тврдел дека изгубил контрола

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Како можела да се случи сообраќајната несреќа. Бил ли технички исправен автобусот, дали има пропуст кај возачот, и кај компанијaта. Истрaгата треба да ги утврди деталите, а според неофицијални информации веќе е позната брзината со која се движел автобусот во моментот, односно во секундите пред несреќата. Информациите се непотврдени но станува збор за брзина од 80 километри на час.

Фактор разговараше со некои искусни возачи. Велат дека е тешко да се предвидува што можело да се случи. Не отфрлаат можност причината да е субјективна односно на возачот да му се слошило или во тој момент да немал доволно внимание кон возењето, но велат дека сигурно изгубил контрола над воланот. Нашите соговорници велат дека во автобусите има уред наречен тахограф кој слично како и црната акутија во авионите содржи податоци за актуелниот момент, но и состојбата на автобусот претходно.

„На тахографот има податоци и за тоа од колку тргнал од Гостивар кон Скопје, колку време престојувал во Скопје односно не се возел, но и кога тргнал назад кон Гостивар. Таму има податок и за тоа колкава била моментната брзина, а на тахографот има ленти кои може да покажуваат податоци за целиот ден но и за изминатите седум дена, вели нашиот соговорник. 

Тврди дека тој уред сигурно сега е предмет на истрага затоа што и тешко се уништува дури и при горење на возилото. 

Попладнево се огласи и сопственикот на Дурмо Турс. Во изјава за 24 вести Дурмиш Белули вели дека со возачот стапил во контакт одговорно лице на возниот парк во моментот на несреќата.Тој бил свесен и одговорил дека ја изгубил контролата самиот. Како што потенцира Белули, веројатно се работи за некоја здравствена причина на возачот, бидејќи автобусот се движел околу 200-300 метри и немало никаква реакција на возачот. 

Вели дека возачот тој ден не го пречекорил работното време. Нема пријавено дека боледува или има здравствени причини а ги имал сите потребни документи почнувајќи од сертфикатот, возачката дозвола до здравственото уверение.

Од скопското обвинителство потврдуваат дека добиле информација за брзината, но велат дека не можат да потврдат дали е тоа реалната брзина со која се движел автобусот затоа што тоа ќе треба да го утврдат вештаците од машинскиот факултет преку нивната експертиза. Треба да се провери дали уредот за мерење на брзината бил исправен или пак можеби бил закочен.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека компанијата е лиценцирана со доставени уредни документи. Возилото било регистрирано во јануари.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители