Прифатен предлогот за 54 фонтани на Вучиќ
Објавено во: Балкан 17 Април, 2018
Градот Белград ја прифати иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ и во српската престолнина ќе бидат изградени нови 54 фонтани.
Од градот Белград потврдуваат дека ќе се градат фонтаните , кои немало да бидат огромни, но ќе ги има дури и во приградските населби.
Ќе ги има на места каде требало да се изградат и до сега. Така , фонтани ќе се градат накружните токови , како оној на Нов Белград , во близина на Богословијата и на Топчидер.
Фонтаните ќе бидат изградени во текот на наредните неколку години.