Пригожин ги демантира руските медиуми: Украинците се борат за секоја улица и секоја куќа
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2023
Украинците не се повлекуваат од Бахмут вели шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Жестоки борби уште има, а тој ги отфрли објавите на руските медиуми дека украинските сили се повлекуваат. Кажа дека ги има насекаде, се борат за секоја улица, секоја куќа, секое скалило. Со месеци се водат борби за освојување на Бахмут.
Русија спрема голема онфанзива за 24 февруари, денот кога лани ја почна инвазијата на Украина.Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека ќе се борат за Бахмут додека можат.
Претходно, руска организација тврдеше дека групата Вагнер има големи загуби и дека голем дел од нивните војници се убиени, ранети или исчезнати.