28 Март, 2024
0.0264

Приходите од клубовите на Премиер лигата достигнаа рекордни 3,6 милијарди фунти

Објавено во: Економија 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Фудбалските клубови на англиската Премиер лига во сезоната 2015/16 оствариле рекордни 3,6 милијарди фунти приходи, 9 посто повеќе отколку година дена порано, што е благодарение и на растот на паричниот прилив од Уефа во поглед на телевизиски права, покажува анализата на консултантско-ревизорската фирма Deloitte.

Заработката од телевизиски права од 1,9 милијарди фунти изнесувала повеќе од половина од вкупните приходи на водечките клубови, се наведува во анализата.

Минатогодишниот договор за телевизиски права постигнат на домашниот пазар донесува понатамошен силен раст на вкупните приходи, се додава.

„Дури и во последната година старите договори за телевизиски права, приходи на клубовите на Премиер лигата поставуваа нови рекорди, истакнува Дан Џонс, партнер во одделот на Deloitte за анализа на спортскиот бизнис, кој го претстави својот најнов годишен преглед на финансирање во фудбалот.

Џонс вели дека порастот на приходи од телевизиски права во сезоната 2015/16 најмногу е благодарение на европската фудбалска федерација УЕФА која плаќањата на клубовите во Премиер лигата ги зголемила за 100 милиони фунти.

Вкупните приходи на европскиот фудбалски пазар во сезоната 2015/16 достигнале 25 милијарди евра, што значи 13-постотен раст во однос на сезоната претходно, се наведува во анализата на Deloitte .

Сите пет најголеми лиги-Англија, Италија, Германија, Шпанија и Франција-оствариле раст на приходите во однос на претходната сезона.

„Лигата на петката“ заедно остварила раст на приходите од 12 посто, на рекордни 13,4 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“