29 Март, 2024
0.0237

ПРИЈАВЕТЕ СЕ: Стопанската комора на Северна Македонија започнува четиримесечна програма за развој на стартапи бизниси

Објавено во: Финансии 18 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Со формирањето на Советот за унапредување на високо образование и стратешки истражувања во Стопанската комора на Северна Македонија практично започна остварувањето на специфични интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот. Во 2021 година започнаа со реализација на шест месечните Програма за претприемништво и лидерство и Програма за развој на мали и средни бизниси. Како континуитет на активностите предвидени на Советот, Стопанската комора на Северна Македонија во месец февруари започнува со четири месечна Програма за развој на стартап бизниси.

Една од целите на Програмата за стартап бизниси е можноста за вмрежување со компаниите во Комората и презентација на идеите пред соодветните компании кои можат да бидат заинтересирани за соработка со стартап бизнисите. Исто така придобивка од ваквата Програма е и можноста за презентирање на идеите пред финансиски институции за финансирање на стартап бизисите.

Програмата за стартап бизниси е наменета за млади невработени лица, но и вработени лица кои имаат желба за започнување бизнис и се мотивирани за стекнување вештини од областа напретприемништво, планирање на бизнисот и пристап до инвестиции за започнување на бизнисот.

Во реализација на Програмата се вклучени повеќе од 20-тина реномирани предавачи и претставници на успешни стартап компании. Предавањата се замислени така што сите модули на почетокот ќе имаат краток теоретски вовед во секоја поттема, а потоа следуваат предавања со практични примери, искуства и со менторски пристап од предавачите, со индивидуални вежби за примена на стекнатото знаење врз избраната бизнис-идеја. Секој модул има свој ментор, а на предавањата голем удел ќе имаат интерактивноста и вежбите според најновите европски и светски пристапи.

Програмата за развој на стартап бизниси започнува на 28 февруари 2022 година, а планирано е да заврши на 10 јуни 2022 година.

Практично со започнувањето на оваа активност на Советот за унапредување на високо образование и стратешки истражувања, во пресрет на големиот јубилеј од 100-години коморско организирање во државата, Стопанската комора на Северна Македонија како најстара и најбројна бизнис асоцијација покажува дека отвореност и поддршка за сите компании кои се подготвени преку иновативност и креативност да креираат додадена вредност.

Повеќе информации за Програмата и Пријавата за учество на Програмата за развој на стартап бизниси,како и заначинот на пријавување и запознавање со предавачите и темите можете да најдете на интернет страната на Стопанската комора на Северна Македонија: www.mchamber.mk


Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап