Пријави го својот тим на глобалниот младински предизвик: Генерација без граници

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2022
Третиот по ред младински предизвик: Генерација без граници (Generation Unlimited), ќе се одржи во 40 земји во светот, а вие можете да бидете дел од оваа глобална иницијатива.
УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите млади иноватори од 16 до 24 години да достават идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени под слоганот „Технологија за планетата“.
Средношколци, студенти и заинтересирани млади луѓе, пријавете го својот тим, од 3 до 5 учесници и бидете креатори на својата иднина. Идеите ќе се развиваат со менторство на професионалци, преку design thinking работилници. Петте најдобри идеи ќе добијат почетни финансиски средства и дополнителна менторска поддршка за да ги развиjат своите идеи, а две од нив ќе се натпреваруваат на глобалниот предизвик, со шанса да добијат дополнителни средства до 20.000 американски долари, како и поддршка од Генерација без граници за проширување на решението.
Имате шанса да добиете глобално признание и поддршка во справување со еден од најголемите предизвици за човештвото – климатските промени. Досега два наши тима беа меѓу глобалните победници: во 2020 година тимот eBionics, а во 2019 година, тимот АндроМета.
Овогодинешниот младински предизвик на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се спроведува во соработка со Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.
Повеќе информации за предизвикот и апликацијата на линкот: https://bit.ly/3KQUDxr и линк до Facebook настан: https://bit.ly/3FBWd5w
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Новата сликовница „Рекичето што сакаше да порасне“ од Ване Костуранов и Ана Торма ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во Струмица

Пронајди и резервирај летови брзо и едноставно на Petal Search

Силк Роуд Банка во вторник започнува со предвремена исплатата на пензиите за мај

Министерството за економија го прогласи ХалкЕко проектот на Халкбанк за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“

Уживајте на летното сонце - со заштита за косата и скалпот за да спречите предвремено стареење

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, НОВИ 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА СО МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ

Предизвик за сите гејмери: НЕПТУН организира голем GAMING настан

Агенцијата „Represent Communications Скопје“ прослави 5 години од постоењето со инклузија на глуви и наглуви лица
