25 Април, 2024
0.0436

ПРИКАЗНА ОД ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Како функционира село со само еден единствен жител?

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Во село во околината на Кичево живее само еден единствен жител.

Пред неколку години во ова населено место имало тројца постојани жители, а денес има само еден, жена во поодминати години.

Се работи за селото Големо Црско, лоцирано на 35 километри од Кичево на магистралниот пат Кичево – Битола.

Да се живее сам во село кое е оддалечено од градот воопшто не е лесно. Нема превоз, продавница, а за посета на лекар мора да се поминат повеќе од 30 км.

„Тешко е движењето во зимски услови, но сепак со помош на мештаните од соседното село постои меѓусебен контакт за снабдување со материјалните работи“, вели Бобан Андрески, кој потекува од селото.

Животот е згаснат, но не целосно затоа што преку лето има повратници во куќите.

Луѓето кои потекнуваат од ова село велат дека последните 4 до 5 години се работело и наследниците на старите фамилии кои се иселени, а само повремено се враќаат во селото, се грижат за имотите кои им се оставени од предците, но и се погрижиле за спроведување вода и водовод до селските куќи секој според своите можности. Но, за една деценија веројатно ова село ќе остане празно и без ниту еден постојан жител ако нешто во меѓувреме не се промени. Селото со убава природа ќе биде место за одмор и релаксација за младите само за викенди и за оние кои ќе решат пензионерските денови да ги поминат во рурална средина, каде има мир, тишина, чист воздух.

„Во селото долги години се одржува селската црква Св.Атанасиј и има задолжено домар кој ја одржува редовно повеќе од 30 години, живее во Кичево каде редовно ги врши обврските за одржување на црквата како и организирање при пречекот на мештаните од селото поради селската слава Св. Атанасиј на 31 јануари и 15 ти мај народски кажано Атанасовден (зимен и летен). Црквата Св.Атанасиј беше проширена и реконструирана од донации од фирми, мештани и граѓани. Минатата година по наше барање се реализираа и активности од Општина Кичево при што се донира од општината песок за тампонирање и санација на одрони и оштетување на патот кој води до селото, исто така асфалтниот пат кој води до раскрсницата меѓу селата Црско и Цер беше во лоша состојба и на барање до општината се одговори позитивно со што дел од патот беше саниран. Во соседното село Мало Црско имаме тројца постојани жители кои се занимаваат со земјоделство и имаат продавница во околното село Цер, оддалечено неколку километри каде се снабдуваат за своите потреби“, додава Андрески.

Повеќето мештани во потрага по подобар живот си заминале во Битола и Кичево, а сега се враќаат најчесто во лето.

„Според Историјатот селото до 97 година броеше 30 постојани жители од постарата генерација, а до 2005 година имаше и редовна автобуска линија 2 дена. Но, исто така функционираше и селска пошта во соседното село Мало Црско сѐ додека не се пензионира поштарот од нашето село. Минатиот месец се работеше за обнова на осветлувањето и доводот на струја до куќите каде старите и дотраени кабли беа заменети со нови“, објаснува Андрески.

Во основното училиште Стив Наумов во добрите години во минатото имало околу триесетина ученици во една генерацијата.

Слична судбина делат и многу други мали села во Македонија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава