18 Април, 2024
0.0244

Приказна за осветлување со карактер, приказна за Раstello

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Pastello е креативна компанија со седиште во Куманово, основана од страна на луѓе со иста идеја и визија, луѓе кои не сакаат калапи и шаблони, луѓе со една цел, да произведуваат безвременски, уникатен и одржлив дизајн на осветлување.

Инспирацијата и креативноста ја добиваме од сите страни, од разни природни и индустриски форми. На секој производ му посветуваме многу време и љубов. Секое парче рачно се обликува, составува и финишира се додека не се добие првично замислениот модел. Секоја ламба си има своја приказна. Секоја ламба си има и свое име. Секоја ламба си има свој карактер и носи некоја емоција со себе. Една е нежна и едноставна, друга е остра, груба и упадлива. Една ќе внесе топла и пријатна атмсфера, друга ќе предизвика возбуда и забава во Вашиот дом.

Можеби нашата приказна Ви звучи познато, и Ве потсетува на приказната за Пинокио.  На мајсторот Џепето му недостасувало дете па си направил дрвена кукла која што подоцна оживува. Исто и во Pastello, нашиот Џепето прави лустери и ламби кои што оживуваат кога Вие ке ги вклучите во струја.

За наша среќа Македонија изобилува со природно и високо квалитетно дрво.

Нашите мајстори се секогаш подготвени да го обработат и да му дадат карактер. Како кај сите рачно изработени природни производи така и кај нашите може да се најдат разлики во текстурата и формата на дрвото, но со тоа само додаваме на нивната убавината и уникатност.

Моментално имаме околу 70 модели на ламби од секаков вид, столни, подни, ѕидни ламби и лустери. Сите наши модели можат да се редизајнираат и изменат во форма, големина и боја. Ние ја цениме и креативноста на нашите клиенти па затоа нудиме модели врз основа на Ваша идеја или нацрт.

Секоја Ваша замисла за осветлување може да биде реалност ако не посетите нашата онлајн продавница  www.pastello.mk или пак дојдете во нашиот салон во Скопје лоциран на ул. Роза Луксембург 15. Купете уникат.

Линк до нашата Facebook странаhttps://www.facebook.com/pastellolighting/

Линк до нашата галерија: http://pastello.mk/mk/galerija/

Можеби ќе ве интересира

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ