28 Март, 2024
0.0283

Прилеп добива сигурно снабдување со електрична енергија за идните 20 години

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

МЕПСО ќе вложи 1,12 милиони евра во модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“ и ќе замени со нова опрема што е во функција 40 години

Прилеп и неговата околина ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија во наредните 20 години со модернизацијата на трансформаторската станица „Прилеп 1“ во која МЕПСО вложува 1,1 милиони евра. По тој повод денеска во трансформаторската станица „Прилеп 1“  договор за модернизација склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“. На потпишувањето на договорот присуствуваа и Горан Сугарески, министерот за транспрот и врски, министерството кое што од Владата ја превзеде сопственоста врз МЕПСО, согласно со новиот Закон за енергетика и европските директиви како и хрватската амбасадорка Даниела Баришиќ и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.

Модернизацијата на трафостаницата вклучува промена со нова на високонапонска опрема што е во функција 40 години. Станува збор за вградување на нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори  и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нов системи за мерење електрична енергија и  нов систем за релејна заштита. 

Министерот Сугарески потенцираше дека моденризацијата на оваа трафостаница е од огромно значење за Прилеп и околината, но и повик за сите инвеститори дека градот има квалитетна електроенергетска инфраструктура.

- Сакам да ги уверам сите заинтересирани инвеститори за овој регион дека ние сме подготвени да понудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија и да одговориме на нивните потреби. Овој менаџмент на МЕПСО започна инвестициски циклус од преку 26 милиони евра за модернизација на 10 трафостаници и изградба на 5 нови далекуводи. Сакам да изразам задоволство од нивото на инвестиции во преносната мрежа,рече Сугарески.

Директорот Василевски изјави дека Прилеп добива сигурно и стабилно снабдување со квалитетна електрична енергија за идните 20 години и додаде:
- МЕПСО за жителите и компании во Пелагонија сега вложува 6 милиони евра.Станува збор за три инвестиции во преносната мрежа во Пелагонија. Овде во оваа трафостаница вложуваме 1,1 милиони евра,  уште 1 милион евра сега вложуваме во трафостаницата „Битола 2“, а склучивме договор вреден 3,9 милиони евра за изградба на нов далекувод што ќе ќе поврзе оваа со трафостаницата „Битола 1“ , потенцираше Василевски, генералниот директор на МЕПСО по потпишувањето на договорот со „Кончар КЕТ“ и „Елтек“.

Лековиќ, претставникот на изведувачите соопшти дека овие договори се солиден темел за јакнење на соработката меѓу компаниите од Хрватска и од Македонија и дека очекуваат продлабочување на соработката и реализација на овие договори.

-Ова е трет договор за модернизација на постројки во преносната мрежа во кој учествува „Кончар КЕТ“ во рамки на овој инвестициски циклус на МЕПСО, додаде Лековиќ.

Модернизацијата на оваа трафостаница и на далекуводот што ги поврзува Прилеп и Битола ќе се реализира за година и половина, а модернизацијата на трафостаницата „Битола 2“ ќе биде готова за 2,5 години.

ТС Прилеп 1 претставува централна напојна точка за регионот на северна (горна) Пелагонија и регионот на Мариово. Истата е поврзана на електропреносниот систем преку 110 киловолтни  далекуводи  со трафостаници во Битола и во Кавадарци, а со неа се поврзани и три трафостаници на дистрибутивниот систем преку кој се напојува со електрична енергија градот Прилеп, неговата околина и Мариово.


Можеби ќе ве интересира

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!