Прилепчани бараат попис, велат Законот за јазици ќе доведе до разнебитување
Објавено во: Македонија 20 Март, 2018
Граѓани на Прилеп и вечерва протестираа поради донесувањето на Законот за употреба на јазиците.
Тие побараа и спроведување попис на населението за да се утврди и процентот на националностите кои живеат во државава.
Граѓаните сметаат дека овој закон ќе донесе разнебитување на македонскиот народ.
Околу петнаесеттина граѓани денеска добиле и покани за информативен разговор за утре во прилепската полиција за нарушување на јавниот ред и мир.
Сообраќајот во центарот на градот беше блокиран 40-ина минути.