24 Април, 2024
0.0249

ПРИЛЕПЧАНИ СЕ ЖАЛАТ: Пречистителната станица им ги набилда сметките за вода

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Прилепчани се жалат дека плаќаат високи сметки за вода, или како што велат само во Прилеп, сметка за вода, може да чини повеќе од сметка за струја.

Раскажуваат дека едно четиричлено семејство за вода плаќа од 1.000 до 1.500 денари месечно.

„Имаме пречистителна станица, за која до пред две години плаќаше општината, а сега на сметките се додадени уште по 18 денари од кубик вода, и нив мора да ги плаќаат домаќинствата. Но, тоа е реалноста“, вели жител на Прилеп.

Елизабета З. вели дека сите се жалат за високите сметки за вода, но и за другите сметки кои се вивнаа, а платите се исти. Додава дека дури и со новото покачување на минималецот, на граѓанинот ништо нема да му остане.

„На работа минимално трошиме вода, а плаќаме 650 денари, а дома по 1.000 денари за четири члена. Сите што ги познавам се жалат. Од плата нема ништо за граѓанинот, само преживување. При тоа не е само вода, треба и други сметки да се платат. Зошто се толкави сметките за вода јас лично не сум информирана“, објаснува таа,

Од јавното комунално претпријатије „Водовод и канализација“ од Прилеп објаснуваат дека потрошувачите мора да плаќаат тарифа за пречистителната станица, но додаваат дека сепак услугите се поевтини за разлика од други општини каде исто така има пречистителни станици.

„Нема зголемување на цената на водата, туку се работи за тарифа за пречистителна станица. За три услуги, водоснадбување, канализација и прочистување се плаќаат по 48 денари за метар кубен. Пречистителната станица работи од лани, но уште кога се работел проектот е потпишано дека тарифата ќе ја плаќаат граѓаните“, велат од „Водовод и канализација“.

Инаку цената на водата за разлика од минатото сега ја утврдува Регулаторната комисија.

Сметките за вода во Прилеп поттикнаа повеќе партиски преписки годинава.

ВМРО-ДПМНЕ ја бранеа тезата дека е скапо за граѓаните, и дека СДСМ излажале кога ветувале пониски сметки за вода, додека од СДСМ им одговараа дека социјално ранливите семејства сепак, добиваат субвенции на сметките за вода. 

Сања Атанасовска

Foto: Shutterstock

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска