29 Септември, 2024
0.0255

Прилепчанка со своите вешти раце прави ремек дела кои ја носат новогодишната магија во домот

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

38 годишната Александра Иваноска од Прилеп со години изработува новогодишни украси со кои го декорира својот дом. Со текот на годините го усовршувала своето хоби, изработила над 100 украси во различни форми и големини, дел ги чува за себе, а дел ги подарила на роднини и пријатели.

Вели дека ужива во својата креативна работа, и секоја нова замисла за изработка на украс е нов предизвик. Често пати идеи за тоа што ќе направи добива од интернет, со помош на кој се поврзува со други луѓе кои изработуваат ракотворби и разменува идеи.

„Отсекогаш сум изработувала украси, а во последниве години моето хоби стана побогато и поразновидно. Изработувам секаков вид на украси. Кога ќе добијам инспирација и идеја, истата ја реализирам. Ова е исклучиво само хоби, и на крај изработките ги подарувам на пријатели или роднини. Секој украс си бара време, еден час или еден ден, зависи и најчесто ги изработувам од природни материјали, користам дрво, конец.  Секогаш сум била креативна. И обично кутивче ако видам, добивам инспирација што можам да направам со него. Не работам, така што имам повеќе време да се посветам на некоја изработка“, вели Иваноска.

Додава дека новата реалност која ја живееме поради коронавирусот, е причина плус луѓето да најдат работа која ги исполнува и да се посветат на неа.

„Завршувањето на секој украс ми причинува големо задоволство. Досега најтешко нешто кое сум го изработила е каминот, кој го правев 5 дена, со ефективни 8 часа работа. Имам пријателки кои се интересираат и несебично ги споделувам тајните. Ова лето направив минијатурна куќарка која исто така долго ја работев,  и таа е мојата најомилена изработка која ја правев со многу љубов. Оваа пролета сакам да продолжам со таков тип на изработки“, раскажува Иваноска.

Оваа вредна прилепчанка рачните изработки ги прави пред сѐ за своја душа, а многу од нив ги подарила за роденден, за најмалите, за децата кои се радуваат на ваквите украси.

Сања Атанасовска



Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени