15 Ноември, 2019
0.0199

„Прилепска пиварница“ има 76.000 евра од продажба просечно дневно

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2019

Во очекување на најважниот (трет) квартал за производителите на пива и сокови првата половина од годинава „Прилепска пиварница“ успеа да ја одржи својата пазарна позиција на домашниот пазар на исто ниво како и лани. При тоа важно е да се истакне дека финаниските расходи се скратени за 39 отсто. Добивката за првото полугодие е на половина од ланската заради комбинација на зголемени оперативни расходи и намалени останати приходи

Најголемата домашно поседувана пиварница „Прилепска пиварница“ цврсто ја држи својата пазарна позиција во острата конкуренција на домашниот пазар, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех за првите шест месеци годинава, достапни на веб страницата СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност.
Податоците за првото полугие покажуваат намалена или поточно преполовена добивка во споредба со првото полугодие лани. Тоа се должи на зголемените оперативни трошоци во споредба со истиот перидо лани во комбинација со помалите останати оперативни приходи годинава во споредба со истиот период лани.

На домашниот пазар, кој е приоритетен за пиварницата од Прилеп за првите шест месеци приходот од продажба е 13,68 милиони евра. Ова значи дека домашните потрошувачи просечно дневно конзумираат пива и сокови од овој производител за 76.000 евра. Во споредба со истиот период лани компанијата има минимален раст на продажбата, но поважно е тоа што ја одржува својата пазарна позиција во однос на големата и силна конкуренција. Извозот во сите приходи од продажба учествува со 0,23 милиони евра. Веројатно ова е пазарен сегмент на кој бренд менаџерите и експертите за продажба и развој имаат широко поле за работа.

На расходната страна во првото полугодие годинава евидентен е раст на трошоците за набавка на трговски стоки за 20 отсто до износ од 2,95 милиони евра, на трошокот за вработените за 12 отсто до 1,22 милиони евра и на останатите трошоци од работењето кои изнесуваат 1,65 милиони евра и во однос на лани се повисоки за 7 отсто. Единствено намалување има кај најголемата поединечна ставка – трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат 5,54 милиони евра и бележат пад за 11 отсто.

Вкупните оперативни расходи за првото полугодие изнесуваат 14,17 милиони евра и во однос на истиот период лани се зголемени за 3 отсто.

Значајно да се истакне е тоа што компанијата значајно ги намалила финансиските расходи во споредба со лани. Тие годинава изнесуваат само 28.000 евра и се за 39 отсто пониски од истите лани. Финансиските приходи на компанијата годинава изнесуваат 227.000 евра и се ниво од лани.

Вкупните обврски на компанијата на 30 јуни изнесуваат 6,3 милиони евра и се 22 отсто повисоки од лани.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Се спогодија Макпетрол и Владата: Спорот за ГА-МА ќе се реши вонсудски

Се спогодија Макпетрол и Владата: Спорот за ГА-МА ќе се реши вонсудски

Брзи кредити ама, по однапред договорени правила: Сите податоци се на увид на клиентот

Брзи кредити ама, по однапред договорени правила: Сите податоци се на увид на клиентот

ГАЗДИТЕ ДА НЕ СИ ИГРААТ - за минималната плата ќе има и казни

ГАЗДИТЕ ДА НЕ СИ ИГРААТ - за минималната плата ќе има и казни

Како ОКТА направи добивка од 2,6 милиони евра во првите девет месеци

Како ОКТА направи добивка од 2,6 милиони евра во првите девет месеци

МАЛМЕД: Возилата беа вон употреба, затоа ги продаваме

МАЛМЕД: Возилата беа вон употреба, затоа ги продаваме

ОКТА со раст на приходите од продажба во третиот квартал

ОКТА со раст на приходите од продажба во третиот квартал

УТРИНСКИ ФОКУС: Во буџетот има пари и за „рамковните“ вработени

УТРИНСКИ ФОКУС: Во буџетот има пари и за „рамковните“ вработени

ОИЛКО со профит од 1,4 милиони евра

ОИЛКО со профит од 1,4 милиони евра

Локално претпријатие должело 34 милиони евра, Владата превзеде повеќе од половина

Локално претпријатие должело 34 милиони евра, Владата превзеде повеќе од половина