ПРИЛИВ НА ПОЛАДЕН ВОЗДУХ ОД СЕВЕР: Промена на времето од утре

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2025 06:00
Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник (17 јуни) во нашата Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, од кои очекувам појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е и локална појава на град, вели метеорологот Славчо Попоски.
Тој вели дека што се однесува до времето во Скопскиот регион, исто така, од вторник (17 јуни) во попладневните часови можна е појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно пријатни и не премногу високи, па тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 33 и 35 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
Затворен е автопатот Скопје-Куманово во двата правци

(ВИДЕО) СТРАШНА ГЛЕТКА: Гори црквата во скопското село Мршевци

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“
