ПРИМЕР ОД СОСЕДСТВОТО: Секој трет жител се занимава со овој бизнис
Објавено во: Балкан 13 Септември, 2018
По бројот на кошници во однос на бројот на жители, Србија е на врвот во светот.
Прв е градот Неготин каде секој трети граѓанин се занимава со пчеларство, а имаат 15.000 кошници.
Квалитетниот мед го продаваат во странство.
Веќе десет години нивниот мед завршува на европскиот пазар, но тоа не одело лесно, и пласман обезбедиле поради квалитетот.
Пчеларите во овој град се занимаваат и со генетска селекција на пчели.
Се смета дека пред нивниот мед по квалитет е само оној кој е произведен во Нов Зеланд.