Примил покана за распит од Специјалниот суд во Хаг, а имал осум години кога била војната
Објавено во: Балкан 03 Август, 2019
Риљинд Бериша, кој имал само осум години во моментот на косовскиот конфликт, доби покана од Специјалниот суд да се појави во Хаг на распит на 5 август.
„Имав осум години за време на војната. Повикот е во писмена форма, засега сум во странство“, рече претставникот на косовското Министерството за правда за „Перископ“.
Првичната вест ја објави на Фејсбук. Тој рече дека не ја знае причината за поканата.
"Драги пријатели, на 18.07.2019 година ја добив нај изненадувачката покана од мојот живот. Морам да се појавам пред Хашкиот специјален суд на 5 август. Не ја знам причината поради која ќе бидам испрашан од овој тотално неразумен суд “, напиша Бериша.
Претседателот на организацијата на поранешни ветерани на ОВК, Хисни Ѓукати, рече дека досега не бил информиран за повикот.
„Немаме добиено никакви информации дека засегнатото лице добило таква покана. Сепак, можеме да очекуваме сè од Специјалниот суд, кој исто така кани цивили на разговор, не само поранешни војници на ОВК“, рече Ѓукати.