24 Април, 2024
0.0329

ПРИСТАПУВАЊЕТО ВО ЕУ КАКО МАРАТОН: Туск даде јасна порака, сега ќе чекаме на челниците на ЕУ

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск од Скопје испрати јасна порака дека Македонија ја завршила „својата домашна задача“ за да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ и ги повика водачите на ЕУ да го потврдат тоа во октомври.

„Напорите на Северна Македонија во последните години беа извонредни. Вие станавте шампиони на политичка зрелост во вашиот регион. Во последните две години, направивте сè што се очекуваше од вас да ги започнете преговорите со ЕУ“, рече Туск на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Европскиот совет го опиша договорот од Преспа со Грција како „импресивно достигнување“, истакнувајќи дека ЕУ „не треба да го зема здраво за готово“.

Туск додаде дека во јуни годинава, на Самитот на ЕУ, тој отворено се залагал за Северна Македонија да и се даде датум за почеток на преговорите и истакна дека останува и денес на таа позиција.

„Скопје е најдобро место за покана на лидерите на ЕУ да ја завршат својата работа“, рече претседателот во заминување на Европскиот совет.

Премиерот Заев, го нарече Туск пријател и рече дека добивањето датум во октомври без дополнително одложување е во интерес и на неговата земја и на ЕУ.

„Ние тргнуваме кон длабоко и долго трансформациско патување кон целта - членство во ЕУ. Трансформација на оваа земја во согласност со политиките и правилата на ЕУ, во корист на нашите граѓани“, рече Заев.

Туск се сретна и со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, за време на посетата на Скопје, пред Заев, кој рече дека почетокот на разговорите за пристап ќе биде силен поттик за натамошни значителни реформи во земјата, до членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира