07 Декември, 2025
0.0348

Пристигнаа првите 180 туристи од Германија со „Фрибрд ерлајнс“, ќе доаѓаат секојдневно

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2025 19:57

Добивај вести на Viber

Со „Фрибрд ерлајнс“, денеска како што претходно беше договорено од страна на германскиот туроператор со македонската влада, слетаа првите туристи од Германија на скопскиот аеродром.

Првиот чартер лет со 180 германски туристи на авиокомпанијата „Фрибрд Ерлајнс“ денеска беа пречекани од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на германскиот тур-оператор на RSD Reisen, Хорст Живковиц.

- Нема поубава промоција за една држава од добра туристичка понуда. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе ни доаѓаат надвор од главната туристичка сезона. До крај на годината очекувам преку 35 илјади туристи само од чартер летови од Германија, истакна Николоски на промоција на првиот чартер лет со туристи од Германија кои пристигнаа на Меѓународниот аеродром Скопје.

Како што потенцира вицепремиерот, ова е прв пат да се привлечат туристи од Европа надвор од главната сезона, што е одлична можност за развој на туризмот и локалната економија во државата.

- Македoнија прв пат гледа голем број на туристи надвор од главната сезона. Со заеднични напор на Владата, на тур -операторите и на ТАВ Македонија успеваме да привлекуваме туристи кои доѓаат надвор од главната летна и зимска сезона. Во периодот меѓу февруари и мај и периодот меѓу октомври и декември само оваа година ќе дојдат 35 илјади турусти, очекуваме тој број да расте во годините што доаѓаат. Тоа значи 35 илјади туристи кои што ќе ги полнат хотелите, кои ќе ги посетуваат убавите ресторани и кафетерии, ќе купуваат убави сувенири, ќе придонесуваат за локалната економија, ќе го пробаат македонското вино и храна и ќе ги пренесат убавите спомени од Македонија. Најмалку по еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром и некаде 180 до 200 луѓе ќе доаѓаат за да ги посетат знаменитостите во Македонија, додаде тој.

Најави дека веќе од следниот месец ќе започнат да оперираат и првите летови кои владата преку министерството за транспорт финансиски ги подржува.

- Започнуваат првите летови што се дел од новата владина програма за субвенционирање. Веќе имеме десет летови од скопскиот и охридскиот аеродорм и се надевам дека истите ќе растат. Можам да најавам дека Туркиш ерлајнс ќе започне веќе од 27 март, а исто така и Визер на линијата Базел –Охрид, вели Николоски.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце