ПРИСТИГНАА ВО ТИРАНА: Две европски земји ги враќаат азилантите
Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2020
Во Тирана се вратени 40 државјани на Албанија од две земји членки на Европската Унија, откако им е одбиено барањето за азил.
Станува збор за 34 лица кои се вратени од Франција и шест од Белгија. За нив е донесена одлука да ја напуштат француската и белгиската територија, откако им е даден негативен одговор на нивното барање за азил.
Полиција апелира до сите албански државјани да ги почитуваат правилата за движење во Шенген зоната.