ПРИТИСОК ОД ЈАВНОСТА: Оставка во владата на Борисов

Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2018
Бугарскиот заменик-премиер Валериј Симеонов синоќа поднесе оставка, откако беше изложен на притисок да се повлече од функцијата поради навредите упатени кон активистите за заштита на лицата со посебни потреби.
– Поднесувам оставка поради континуираната медиумска кампања против мене. Таа кампања им штети на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за нејзината нормална работа, изјави Симеонов на прес-конференција во Софија на која ја најави својата оставка.
Тој нагласи дека не можел да дозволи да продолжи таквата состојба и затоа решил да се повлече.
– Не се работи за мене или за партијата на чие чело сим, тука за Владата за која сметам дека е многу успешна, додаде Сименов.
Тој нагласи и дека бугарскиот премиер Бојко Борисов не извршил притисок врз него да поднесе оставка.
Како што јави БТА, Борисов ја прифатил оставката на неговиот заменик.
Симеонов, кој е лидер на националистичка партија Национален фронт за спас на Бугарија (НФСБ) и на коалицијата Обединети патриоти (ОП), беше вицепрмиер задолжен за економска и демографска политика.
Скандалот изби поради неговата изјава дека активистите за заштита на правата на лицата со посебни потреби се „разврескани жени“, кои ги злоупотребуваат своите болни деца.
Можеби ќе ве интересира
Борисов во Србија издејствува град да носи и бугарско име

Словенечки пратеник поднесе оставка откако украде сендвич

(ВИДЕО) Почнале од нула, а денес за нивното сирење слушнале и во Египет

Мобилите нападнаа и во Бугарија, главниот доктор загрижен поради слабата имунизација

Неколку часа биле во ладилник на -22 степени во обид да ја поминат границата

Пратеници од две словенечки партии гласаа против приемот на Македонија во НАТО

Хрватска се покажа: Притвор за двајца напаѓачи на ватерполистите
